Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли не се согласува со татка си за Палестинците: „Таа е под влијание на антисемитисти“

Dzoli Tatko.jpg

Во новото интервју американскиот актер Џон Војт ја нападна својата ќерка Анџелина Џоли, која постојано му изразува поддршка на народот на Палестина.

„Таа е изложена на пропаганда. Таа е под влијание на антисемитистите“, изјави тој за списанието „Варајати“. Тој понатаму тврди дека вистинските информации не ѝ се достапни бидејќи луѓето во Холивуд не зборуваат за тоа.

„Тие се целосно исклучени. Тие немаат поим што се случува“, рече тој.

Изјави и дека ја сака ќерка си и не сака да се расправа со неа.

„Таа беше под влијание на ОН. Од почетокот тоа беше ужасна ситуација кога станува збор за човековите права. Тие тоа го нарекуваат човекови права, но тоа е само антиизраелско плукање“, рече тој.

Изрази разочараност што ќерка му, како што рече, не разбира дека целта на Хамас е уништување на земјата на Евреите.

Анџелина минатата година на „Инстаграм“ изјави дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да биде оправдување за изгубените животи во бомбардирањето на цивилите во Газа.

„Ова е целно бомбардирање на заробено население, кое нема каде да избега. Газа е затвор на отворено речиси две децении и бргу станува масовна гробница, а 40 отсто од убиените се деца“, напиша таа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста