Утрински Весник
Македонија

Давкова прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

Foto 1 2.jpeg
Dik 300x250 mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија – ЗМСТАМРаководството на здружението на средбата ја запозна претседателката Сиљановска Давкова со нивните заложби за континуирано подобрување на стандардите на сестринската и акушерската пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на работните места, како и за нивниот ангажман како здружение во насока на подобрување на здравствениот систем, во целина. Во тој контекст, истакнаа и неколку приоритетни прашања за нив, односно да се донесе Закон за здравствена и акушерска нега, да се признае и да се вреднува високото образование на сестрите и акушерките, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот, да се воведе менторство во сестринската пракса, да се вреднува искуството на сестрите со средно образование, а кои имаат повеќегодишно специјализирано работно искуство, како и да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружање примарна здравствена нега.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека медицинските сестри, техничарите и акушерките се исклучително важна алка во синџирот на целокупната здравствена заштита и притоа изрази поддршка за активностите на здружението, како единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството.

На денешната средба присуствуваа претседателката на здружението, Велка Гавровска, заменик –претседателката Тања Трајковска, Валентина Горичанец, секретар на ЗМСТАМ, како и Гордана Димеска, претседателка на невролошката секција и делегатот Гоце Марковски. 

Можете да прочитате

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

Почнува Саемот за медицина, стоматологија и фармација-Health Innovation Expo 2025

„Trio Animato” настапи на фестивалот “Магична флејта Е/12” во Тирана