Утрински Весник
Балкан

Се породи мајката на малата Данка Илиќ

Danka Ilic 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мајката на убиеното девојче Данка Илиќ се породи и роди момче.

Како што дознава Информер.рс, мајката и бебето се добро, а тоа го потврдила и Ивана Илиќ, мајката на Данка.

– Што се однесува до случајот со Данка, не знаеме апсолутно ништо. Немаме информации, се породив, родив син, и бебето и јас сме добро – изјавила кратко Ивана.

За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март кај Бор, а полицијата по десетдневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека со автомобил ја удриле девојката, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено

Можете да прочитате

Турција ѝ донираше на албанската Влада авион „Ербас“, вреден 11,9 милиони долари

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун