Утрински Весник
Спорт

АФА поднесе жалба по поразот од Мароко

20240725090348 Big 730x400 83.webp.webp

Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) Клаудио Тапија потврди дека организацијата поднела жалба до дисциплинската комисија на ФИФА по поразот од Мароко со 2:1 на Олимписките игри во 2024 година.

– Она што ние Аргентинците моравме да го издржиме денес во Сент Етјен е за жалење. Речиси два часа чекање во соблекувалната, по што нашите играчи мораа повторно да излезат за да го продолжат натпреварот, кој мораше да биде прекинат од судијата по инвазијата на мароканските гледачи на теренот и насилството што го претрпе аргентинската делегација, е навистина бесмислено и спротивно на правилата на натпреварот.

Дополнително, не беа слушнати мислењата на капитените на двата тима, кои сметаа дека средбата не требало да се рестартира. Од аргентинската фудбалска асоцијација веќе поднесовме жалба до Дисциплинската комисија на ФИФА за да може да се преземат соодветни регулаторни мерки и да се воведат санкции за одговорните, изјави Тапија за „Mundo Albiceleste“.

Натпреварот на стадионот „Жефрој-Гишар“ во Сент Етјен по пауза од два часа заврши без публика. Поради немири предизвикани од навивачите на Мароко кои трчаа на теренот, натпреварот беше прекинат од судијата во 16. минута од судиското надополнување при резултат 2:2. За време на паузата, судиите го прегледаа израмнувачкиот гол на Кристијан Медина и го поништија голот поради офсајд. Како резултат на тоа, средбата заврши со резултат 2:1 во корист на Мароканците.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024