Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
За 30 дена Мицкоски е премиерот на Влада која спровела убедливо најлоши политики за рекордно кратко време. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ успеаа:
- Да го прекинат растот на платите, една од најдобрите политики на СДСМ.
- Да се направат 4 нови министерства за вдомување на партиски кадри
- Да ја задолжат државата на рекордни 68% јавен долг
- Да го зголемат буџетскиот дефицит со ребалнасот на рекордни 4,9%
- Да отвората затворен проблем со Грција и ја блокираат одново земјата.
- Да се возат со другарите министри во луксузни бизнис класи и да кријат за тоа
- Да си прават фамилијарни патувања и да кријат за тоа, исто така.
- Неговите најблиски соработници добиваат подароци од 325.000 евра и молчат со денови за тоа. Потоа несмасно се вадат од калта, тој исто така си молчи.
- Да молчи Мицкоски кога исчезнува македонското знаме од институциите, тема на која претходно беше гласен
- Да не обезбеди 5000 денари за пензионерите, реалниот раст ќе биде до 1000 денари, а за некои категории 0 денари.
- Да смести министерка во Владата со бугарско државјанство, а за тоа претходно да дига хистерија
- Министерот за внатрешни работи да не може да реши ниедно убиство во шест месеци. Грешка, едно решено од 6 убиства, најлош резултат на истраги во историјата.
- Државата да е претворена во Див запад со масовен раст на криминалот по улиците.
- Да молчи пред Радев и Главчев додека тие јасно кажуваат што очекуваат од него. Потоа да снима видеа и да се чука во гради.
- Да се срами да го користи името Македонија, па ја нарекува нашата земја, татковината или воопшто да не ја нарекува никако.
- Да излаже дека нема да го користи името Северна Македонија, го користи ама скришно.
- Да не обезбеди учебници иако во кампањата убедуваше дека ќе обезбеди
- Да фрла лопати на инвестиции од СДСМ додека државата гори. Потоа да се скрие пет дена од срам.
- Целосно да потфрли со реакцијата на пожарите во неготинско каде изгоре цела планина. СДСМ и граѓаните четри и пол дена порано реагираа на состојбата.
- Најава дека недела неработен ќе се укинува, една од најзначајните придобивки за работниците.
- Целосно седнување во скут на друга држава и ставање на Македонија во економско и политичко заложништво за 500 милиони евра
- Да си го прифати Бехтел и Енка кој за него беше најкриминалниот проект во историјата
- Да не ги покачи платите на клучните сектори, здравство и образование а да објаснува како тие се селеле заради лошите услови.
- Да имаме Претседателка на држава која не знае дека доброволен воен рок се служи откако е укинат задолжителниот.
- Направена е паралелна координација на Влада на министрите од ВЛЕН, воведување на паралелизам, Мицкоски да си молчи а порано тао беше албанизација на институциите
- Да оди наоколу и да се жали како Калимеро дека нема пари нема правда со буџетот, а тоа да биде целосна лага со која се манипулираат работниците дека нема да им се качат платите.
- Да постави заменик министер на МВР со физичко образование. Не е ни чудо што нема ефект во истрагите. Целосен дебакл на кадровската политика во прв и втор ешалон.
- Да лаже дека го болат колената а да се качува на Водно за сликање секој вотр викенд.
- Да се покачи цената на лебот и да не интервенираат
- Да се покачи цената на струјата и да не интервенираат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 30 дена докажаа дека немаат никаков капацитет за водење држава, но и погрешни намери и идеа за тоа каде и во која насока треба да се води државата.