Утрински Весник
Свет

Атентаторот на Трамп пребарувал како Освалд го убил Кенеди

20240724194900 Big 730x400 30.webp.webp

Човекот кој се обиде да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп пребарувал на интернет како Ли Харви Освалд го убил поранешниот американски претседател Џон Ф Кенеди во Далас.

Ова денеска го изјави директорот на ФБИ, Крис Вреј, за време на сведочењето пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Реј рече дека од 6 јули, Томас Крукс „станал многу фокусиран на претседателот Трамп и неговиот предизборен митинг“ и пребарувал на Гугл „колку далеку бил Ли Харви Освалд од Кенеди кога го испукал фаталниот истрел“.

Директорот на ФБИ рече дека атентаторот на Трамп имал дрон што го поставил во близина на собирот околу два часа пред да пука и потврди дека истражителите го пронашле дронот во возилото на Крукс, велејќи дека ФБИ има причина да верува дека атентаторот гледал видеа кои ги пренесувал дронот за да ја извиди областа.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници