Утрински Весник
Македонија

Мотив за убиството во Дебреше биле несогласувања и конфликти

Debrese.jpg

ОЈО Гостивар поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување одредени докази за трите приведени лица во врска со вчерашното убиство во Гостивар.

По истекот на тој законски рок, како што информираат од ОЈО Скопје, обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени.

– Согласно првичните сознанија, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата, стои во соопштението од ОЈО.

Вчера околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

– Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „Волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со која го извршил делото, наведе вчера портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег