Утрински Весник
Македонија

Трагедија во Виница: 60 годишен маж во изгуби животот

Uzp8q Lenta Policija.jpg

60-годишен маж од виничкото село Градец го загуби животот во сообраќајна несреќа во кој изгубил контрола над тракторот кој го управувал и излетал од патот. Починал на местото на несреќата.

– На 23.07.2024 во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот