Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (среда) се очекува поголема дестабилизација на атмосферата во Македонија, како и локално невреме

Download 3.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на посвеж воздух од север, како и неговиот судир со значително потоплата воздушна маса од југ, над Македонија особено во попладневните и во вечерните часови ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата. На повеќе места се очекува развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни (во форма на невреме) проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во Скопската котлина во среда попладне ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот од 29 до 37 степени, а во деновите потоа позначително ќе се намали. Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово