Утрински Весник
Македонија

Андов, директорот на затвор „Шутка“ најави тужба за Пандов

Images 5.jpeg

Филип Андов, директорот на Казнено поправната установа затвор „Скопје“ позната како Шутка, најави дека тој ќе поднесе тужба против директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Причина, за тоа, како што вели Андов е фактот што Пандов неосновано го обвинувал. Андов смета дека заради нестручното и неправилно постапување на Пандов, четири лица синоќа избегале од затворот во Шуто Оризари.

„По денешната прес-конференција на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, најавувам дека ќе поднесам тужба за нарушување на мојот углед, но и на институцијата со која раководам. Сите обвинувања целосно ги отфрлам како неточни. Ги повикувам институциите да постапат согласно закон, да ги утврдат сите факти и околности, а по извршениот вонреден надзор во петокот, каде што од страна на директорот Пандов се споменува дека не биле присутни 11 лица, а пријавено е само едно, додека другите биле контактирани по телефон да се вратат. Епилогот од таквото нестручно и неправилно однесување на директорот Пандов резултираше со бегство кое се случи во текот на ноќта од страна на четири лица“ вели Филип Андов.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово