Утрински Весник
Скопје

(Видео) ГТЦ пропаѓа, дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Gtc.jpeg

Негогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес запуштен, руиниран и пред пропаст е Градскиот трговски центар.

Неодамнешниот инцидент каде пради откачен клима уред се сруши дел од покривот и за среќа немаше ниту еден повреден е само последното предупредување дека на ова здание му се заканува целосен распад.

Некогаш врвулици од луѓе а денес празни ходници (особено на првиот и вториот спрат) празни излози, просјаци и полуфункционално кино е сликата што е секојдневие во ГТЦ.

Приземјето на оддава впечаток дека ГТЦ е пред колапс. Таму има доста луѓе, полни се дуќаните, ходниците и „уличките“. Фреквенцијата на луѓе тука е најголема поради бројните продавнииц, но и банки, кафулиња и ресторани.

Слично е и во подрумските простории особено кај двата големи маркети и неколкуте пекари и сендвичати.

На првиот спрат глетката е целосно различна. Тука освен вработените во дуќаните и канцелариите, може да се забележи одвај по некој човек кој се упатил кон неколкуте малку дуќани што останале да функционираат, а тоа се најчесто бутици.

Но затоа тука „врие“ од деловни простори што се издаваат.

„Се издава“ „Се издава или продава“ „Дуќанот е префрлен на приземје“ „Се продава“ се најчестите написи на излозите во дуќаните на првиот и поготово на вториот спрат.

Голема понуда и никаква побарувачка

Во ГТЦ се издаваат и продаваат различни простории со различни квадратури и за различни намени а нивната цена варира од квадратурата, местоположбата, одржуваноста, но и од тоа дали има свој тоалет или не.

Но и покрај лошата состојба на трговскиот цените за купување не се воопшто евтини и се движат од 1.500 па се до 2.500 евра за еден метар квадратен.

Кај изнајмувањето пак е малку поинаку. Кириите се нешто поевтини отколку на друга локација во центарот на Скопје, но треба да се има предвид дека покрај киријата, има и месечни трошоци за одружување чиј износ зависипред се од квадратурата на дуќанот.

Токму тоа е причината што некои сопственици се одлучуваат дуќаните да ги изнајмуваат за нула денари, а сопственикот да ги плаќа само режиските трошоци.

24инфо.мк контактираше со еден таков сопственик.

„Дуќанот го издавам без пари, ваше е само да ги плаќате трошоците за одржување, тие за мојот дуќан изнесуваат околу 22.000 денари или 350 евра месечно“ ни рече Никола, сопственик на дуќан на првиот спрат во ГТЦ.

Тој се решил на таков чекор затоа што повеќе од две години дуќанот му седел празен, а трошоците за одржување веќе му станале товар кој се потешко го менаџира. На прашањето дали би го продал, нашиот соговорник вели дека досега три пати го осласувал, но не успеал да најде купец.

Сопственици на празни дуќани во ГТЦ има многу и секој на свој начин се обидува да дојде до некаков приход од нив, но се почести се случаите каде се нуди деловен простор за нула денари.

ГТЦ се спаси од барок и доби зелен покрив

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тогашната власт предводена од Никола Груевски имаше идеја да го затвори ГТЦ и да го „преоблече“ во барокно руво, што предизвика реакции на граѓаните кои со жив штит го бранеа ГТЦ.

По смената на власта во 2017 година, тогашната градска власт предводена од градоначалникот Петре Шилегов постави зелен покрив и изгради јавен простор на кровот на ГТЦ што требаше да ги мотивира луѓето помсовно да доаѓаат.

Сепак, откако со Скопје раководи Данела Арсовска зелениот кров е запуштен, дел од зеленилото е исушено, не работат ниту чешмичките.

И ранет и разрушен, ГТЦ денес се уште гордо стои како порта на градскиот плоштад и ја чека својата судбина, за која ретко кој знае каква ќе биде.

Можете да прочитате

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Изгубено е 8 годишно дете – Виктор последен пат е виден на Плоштад

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров