Утрински Весник
Македонија

Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари

Sindikalnata Koshnichka.webp.webp

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 квaдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

Можете да прочитате

Во скопски Карпош уапсен крадец на велосипеди

Макфест во знакот на големите музички имиња

Филипче: Мафијата што ја демонтираат во Србија се пренесе кај нас преку СНС врз ВМРО, преку Вучиќ врз Мицкоски