Утрински Весник
Македонија

Таравари: До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството

451210780 1026256375531388 6240340456122713559 N.jpg

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

– Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има. 

Можете да прочитате

Ристов до бензинските: Не кријте гориво пред поскапување, казните се огромни

РКЕ подготвува нов модел за цената на гасот – ќе се пресметува слично како горивата

Деко си „купил“ угостителска лиценца без да поднесе ниту еден документ – Обвинителството отвори нова истрага и бара притвор