Утрински Весник
Македонија

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Begalec 150x150 1.jpg

За бегството на Фатон Хајризи од затвор на 6 јули денеска е уапсено уште едно лице кое е осомничено дека му помагало.

Ова е второ уапсено лице, откако осомничениот вчера беше уапсен лице поради помагање во бегство од затвор.

Веста за второто апсење за весникот Експрес ја потврди портпаролот на Основното обвинителство во Митровица, Ваљон Претени.

-Лицето е уапсено околу 16 часот и му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, рече Претени.

За второосомничениот кој беше уапсен во саботата, Претени рече дека во надлежниот суд ќе се бара мерка притвор.

– За лицето кое вчера беше уапсено ќе се бара безбедносна мерка, изјави Претени за Експрес.

Детали за тоа како осомничените му помогнале на Хајризи да избега од затворот не беа соопштени.

Фатон Хајризи, кого српската полиција го бараше околу 40 часа поради сомнение дека убил српски полицаец и ранил друг, беше убиен пред два дена.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски