Утрински Весник
Македонија

Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце

Granica.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

Се забележува поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата

На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари