Утрински Весник
Свет

Блинкен: Договорот за прекин на огнот во Газа е „блиску до целта“

Blinken 1.jpg

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на преостанатите заложници од страна на Хамас е „блиску до целта“.

-Верувам дека сме во линијата од 10 јарди и возиме кон гол-линијата на договор што ќе обезбеди прекин на огнот, ќе ги врати заложниците дома и ќе не стави на подобар пат да се обидеме да изградиме траен мир и стабилност, нагласи Блинкен на форум во Колорадо.

Можете да прочитате

Масовни протести и генерален штрајк во Франција со барање за значително зголемување на минималната плата

Лажни дојави за поставени бомби на европските летови – неколку авиони извршија принудно слетување

ЕУ ги повика граѓаните да подготват храна и вода за 72 часа – од што стравува Европа?