Утрински Весник
Македонија

Силно невреме со дожд и грмежи ги зафати Охрид, Свети Николе и Струмица

Nevreme.jpg

Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица.

Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува да се формира нестабилна облачност, соопшти ЦУК.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека денеска беше многу топло и со портокалово ниво за опасност од високи температури. Најавуваат дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје”

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

СДСМ: Сиљановска вели колегите и кажале за авионот, а што велат за најниските плати во Европа