Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија?

Mile Lefkov 3.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија?

Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски.

Филипче е тој што ги премолче тендерите од ќерката Пановска кон таткото. Милионите одлеани од Хематологија на сметка на Др. Пановски.

Др. Пановски е веледрогеријата која вршела поголем дел од набавките и за клиниката за Онкологија, каде видовме како биле крадени болните од рак за профит на неколкумина.

Филипче не само што не ги раскина врските на непотизам и фармацевската мафија со здравствениот систем, туку и ги зајакна.

Филипче бега од одговори за сите катастрофи во здравството изминативе 7 години, зошто во сите директно или индиректно е вмешан лично тој.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана