Утрински Весник
Спорт

И други фудбалери, покрај француските го отстранија Фернандез од социјалните мрежи

20240718081644 Big 730x400 63.webp.webp

Не престануваат реакциите во Челзи по скандалот на Енцо Фернандез кој по репрезентативниот настап во финалето на Копа Америка ги навреди Французите на расна основа.

Сите француски фудбалери на Челзи веднаш по инцидентот го избришаа својот соиграч од профилите на социјалните мрежи.

Исто така, еден Белгиец и еден фудбалер од Брегот на Слоновата Коска веќе не го следат Аргентинецот.

Дефанзивецот на Челзи и француската репрезентација Весли Фофана објави скриншот од видеото со натпис: „Фудбалот во 2024 година – ГОЛ РАСИЗАМ“.

Исто така, стана познато дека Француската фудбалска федерација (ФФФ) ќе испрати барање до ФИФА да биде истражен инцидентот.

Фернадез во автобусот по финалето на Копа Америка во понеделникот, заедно со сонародниците пееше расистичка песна со која ги навреди фудбалерите на француската репрезентација

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари