Утрински Весник
Македонија

Средба Николоски – Туркменоглу: Ни претстојат силни инвестиции на централно и на локално ниво

Foto 1 3.jpg

Денеска во министерството за транспорт, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Синиша Ивановски, остварија средба со Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Македонија.

На средбата се разговараше за динамиката на капиталните проекти што се реализираат со поддршка од ЕБОР и можноста за идна соработка со Банката. Министерот Николоски исто така информираше за проектите предвидени во владината програма со посебен акцент на инвестициите во делот на патната, железничката и гасоводната инфраструктура.

Тој истакна дека во перидот што претстои, Владата преку Министерството за транспорт ќе ја засили инвестиционата активност се со цел забрзан економски развој на државата.
Министерот изрази задоволство од поддршката што ја овозможува ЕБОР за Македонија во овие неколку децении и изрази надеж за продолжување на таквата соработка и во следниот период.

„Европската банка за обнова и развој е наш силен подржувач во реализацијата на капиталните проекти и верувам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период. Имаме силна програма, многу проекти во инфраструктурата како на централно така и на локално ниво и се надевам дека со ЕБОР па и со другите меѓународни кредитори ќе најдеме заеднички интерес во реализација на истите. Нашата цел е квалитетна ифраструктура и задоволни граѓани а тоа токму тоа го определува и владината програма”, истакна министерот Николоски по средбата.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ