Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Неспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија

Pozhar 1.webp.webp

Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола.

Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите. 

Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола.

Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија.

Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има.

Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност.

Изминатите години СДСМ успешно ги менаџираше пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа.

Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар.

Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани.

За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност.

Можете да прочитате

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести

Комплетно реконструирани седум оперативни сали во ГОБ „8 Септември“ – првата операција до крајот на годинава

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.