Утрински Весник
Македонија

СВР Скопје го расчисти случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена е кривична пријава

Polici A.jpg

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна  на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од  страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни  и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни  оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.  

По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.

Можете да прочитате

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“