Утрински Весник
Свет

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

20240717074733 Big 730x400 86 1.webp.webp

Најмалку 20 луѓе загинаа во Перу кога автобус паднал во провалија, соопшти министерот за транспорт Раул Перез Рејес.

Автобусот се движел од главниот град Лима кон регионот на Андите Ајакучо кога излетал од карпа.

Според извештаите на медиумите, уште најмалку 15 лица се пренесени во болница со повреди.

Полицијата не ја исклучува можноста бројот на жртвите да се зголеми. Се наведува дека во автобусот имало околу 40 луѓе.

Првично нема информации за причините за несреќата.

На планинските патишта во Перу често се случуваат автобуски несреќи. Во ноември минатата година, 23 лица загинаа во автобуска несреќа во планински регион во северозападниот дел на земјата.

Според Министерството за транспорт, повеќе од 3.000 луѓе загинале на патиштата во 2023 година.

Негрижата и преголемата брзина се главни причини за сообраќајните несреќи во јужноамериканската земја

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк