Утрински Весник
Скопје

Делови од Скопје без струја и вода

Bez Stru A I Voda.webp.webp

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска прекин во електричната енергија ќе имаат делови од општина Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат селата Страчинци, Виниче, Булачани и дел од Црешево. 

Поради дефект, без вода денеска ќе останат неколку објекти кај Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“- Скопје, како и претпријатието, информираат од „Водовод и канализација“ – Скопје.

Вода за пиење ќе немаат кафаната „Балканика“, приватната градинка и неколку куќи позади објектот на претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7.30 часот до завршување на работните активности.

Можете да прочитате

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана”, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo

Николоски: Градежните работи за градски воз се во финална фаза

Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари