Утрински Весник
Свет

Зголемени тензии во услови на тешки борби на границата меѓу Израел и Либан

Izrael.webp.webp

Проиранскиот Хезболах лансираше повеќе ракети врз северен Израел во текот на ноќта, во услови на растечки тензии на либанско-израелската граница, јави ДПА.

Хезболах соопшти дека истрелал десетици ракети како одмазда за вчерашните напади со израелски дронови, кои резултираа со смрт на пет Сиријци, вклучително и три деца, јавуваат државните медиуми.

Децата, на возраст меѓу 5 и 10 години, се убиени во градот Ам Тут, јави државната Национална новинска агенција (ННА).

Агенцијата соопшти дека двајца мажи биле убиени во напад на израелски дрон врз мотор во јужен Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на Х соопштија дека Хезболах истрелал повеќе од 50 проектили кон Израел.

Израелската армија не пријави повредени и информира дека некои од ракетите биле пресретнати, додека други паднале на отворен терен. 

Можете да прочитате

Израел продолжува со напади врз цели на Хезболах во Либан и покрај примирјето

Иран нуди да ја отвори Ормуската Теснина ако САД ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и војната

ДР Конго ќе формира посебна единица за обезбедување на рудниците во земјата