Утрински Весник
Скопје

Јавниот превоз во Скопје се соочува со критична состојба – само 200 активни автобуси на ЈСП, што е за 150 помалку од 2012 година

Jsp 1.jpg

Јавниот превоз во Скопје се соочува со критична состојба со само 200 активни автобуси на ЈСП, што е за 150 помалку од 2012 година.
Директорот Кушовски предупредува на влошување на условите како што се приближува зимата, надополнети со финансиски прашања и проблеми со одржувањето. И покрај итните потреби, Градскиот совет и понатаму се двоуми дали да одобри нови еколошки автобуси, што ги остава граѓаните фрустрирани и загрижени за нивната безбедност.

Автобусите на ЈСП во Скопје се во криза, со само 200 активни автобуси наспроти 350 во 2012. Денеска директорот Кушовски на седница на Градскиот совет изрази загриженост, предупредувајќи на влошување на условите со наближувањето на зимата. Застарениот распоред, непроменет од 2012 година, го влошува проблемот.

Директорот Кушовски истакна дека одржувањето на автобуските линии е предизвик поради финансиските тешкотии и набавката на делови од Кина, каде што компанијата има постоечки долгови. Дополнително, 27 автобуси немаат клима. Тој апелираше до Градскиот совет за поддршка.

Но, мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ останаа глуви на предлог одлуката за набавка на нови еколошки автобуси, која беше ставена на дневен ред. За оваа одлука беа потребни гласови од 23 советници, а доби само 17. Не е прв пат набавката на нови автобуси да не се изгласа во советот. А додека не се решаваат овие проблеми, граѓаните се оние кои го извлекуваат подебелиот крај.

Обвинителството ја истражува сообраќајката која се случи на 8-ми јули кога автобус на ЈСП удри во бетонска жардиниера кај Мавровка. Минатиот понеделник возачот на двокатниот автобус изгубил контрола врз возилото, отишол лево и удрил во бетонска жардинериа. Од обвинителството денес соопштија дека ќе се извршат разговори со лица кои биле сведоци на настанот и ќе се испитува исправноста и одржувањето на автобусот.

„Ангажирано е вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес“ – Јавно обвинителство.
При сообраќајката со повреди се здоби возачот и двајца патници.

Можете да прочитате

Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс” – признание за трудот на Центарци

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар

Без вода делови од Припор и Аеродром