Центарот за управување со кризи соопшти колку воздухоплови се на располагање за гаснење на пожарите низ Македонија.
Од ЦУК информираат дека покрај турските и српските, во текот на денот ќе пристигнат и воздухоплови и од други пријателски држави.
„Денес во гасењето на пожарите делуваат следните воздухоплови: 3 ер трактори на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, 2 хеликоптери на АРМ, 2 ер трактори од Турција, 1 хеликоптер од Турција, 1 голем хеликоптер од Србија. Во текот на денешниот ден ќе пристигнат и 2 хеликоптери од Словенија, 1 канадер од Хрватска, 1 хеликоптер од Црна Гора. Утре ќе имаме плус 1 голем хеликоптер МИ 171 на МВР кој беше на сервис“ соопштуваат од ЦУК.