Утрински Весник
Свет

Најмалку 17 загинати и 34 повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан

20240716111004 Big 730x400 98.webp.webp

Најмалку 17 лица загинаа, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан, соопштија денеска локалните власти. Меѓу загинатите има и три деца.

Патниците настрадаа кога автобус се преврте во областа Хинџан, провинцијата Баглан. Автобусот бил на релација Кабул – провинција Фариџаб, на северот на Авганистан.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, но локалните медиуми јавуваат дека превртувањето на автобусот можеби е последица на невнимание на возачот.

Можете да прочитате

Седум лица загинаа во сообраќајка во Унгарија

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните два месеци

Трамп ги откажа планираните воени напади против Иран поради напредок во преговорите