Утрински Весник
Македонија

Николоски-Габриел: Владата е силно фокусирна на реализација на капитални инвестиции

Nikoloski.webp.webp

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оддржа работна средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската Инвестициона Банка.

На средбата се разговараше за реализација на капиталните инвестиции и можноста за финансиска поддршка за истите од страна на ЕИБ. 

Министерот Николоски истакна дека Владата преку Министерството за транспорт е силно фокусирана на реализација на крупни капитални проекти што се од економско значење за домашната економија и регионалното поврзување. 

Тој изрази благодарност за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува ЕИБ за реализација на капиталните проекти, притоа изрази целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период за проекти од заеднички интерес. 

“Европската Инвестициона Банка е долгогодишен партнер на Македонија во изградба на капитални добра со кои ја подобруваме инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните. Верувам дека таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период од причина што владината програма предвидува сериозни проекти во инфраструктурата. Ова беше успешна средба каде ги потенциравме проритетите, истакана министерот Николоски по средбата.

Можете да прочитате

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство – едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота

Министерот Серафимовски тврди дека е постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка