Утрински Весник
Македонија

Големиот пожар на Огражден се очекува денеска да биде изгаснат, над Радовиш е ставен под контрола

20240716091359 Big 730x400 27.webp.webp

Откакао вчера беша изгаснат крајниот северозападен крак од големиот пожар кој избувна пред седум денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, денеска се продолжува со гаснење и на југозападниот крак, веднаш до границата со Бугарија. Пожарот се уште е активен, а според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов се разгледува можноста за повторно вклучување на „Ер тракторите“, како што дејствуваа вчера.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, може да се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде изгаснат, но на многу делови и непристапни места догорува напластен сув материјал.

Во изминатите седум дена, според досегашните проценки, изгореа стотитици хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Според последните информации, пожарот во близина на село Штурово над Радовиш, на планината Плачковица, кој започна да гори вчера од 16:20 часот, од синоќа е ставен под контрола и нема опасност да се прошири кон блиските куќи и викендици.

– Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни. Горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до претпладне (денеска) пожарот ќе биде ставен под целосна контрола, изјави синоќа Ангелов.

И третиот активен пожар во Југоисточниот регион, меѓу селата Негорци и Кованец во Општина Гевгелија, кој гори од 12 овој месец е активен,но со намален интензитет. Досега е изгорена површина со ниска вегетација, смрека, прнар и даб на површина од околу 100 хектари.

Од ЦУК информираат дека заради специфичноста и недостапноста на теренот, пожарот се следи од страна на 3 пожарникари со 1 теренско возило од ТППЕ Гевгелија и 20 вработени во ЈПНШ-подружница – „Кожув“ Гевгелија. Еден крак од пожарот е активиран и гори мешана нискостеблеста шума кон селото Серменин.

Можете да прочитате

Државни функции за Павле Трајанов, Солза Грчева и Наташа Котлар

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски