Утрински Весник
Македонија

Крварел од главата а до него имало пиштол – почина бизнисменот Радомировиќ кој беше пронајден крај Орман

6e5943dc B8fd 48f5 91f8 7804d00bbc56.jpeg
Dik 300x250 mk

Како што претходно објавивме вечерва крај селото Орман во Скопје, со тешки повреди бил пронајден бизнисменот Чедо Радомировиќ.

Како што дознава 24инфо.мк, Радомировиќ бил пронајден до неговото возило марка „Лексус“ со раскрвавена глава а до него имало пиштол и чаура.

Во моментите кога бил пронајден Радомировиќ давал знаци на живот и со итна помош бил пренесен на скопските клиники, но таму им подлегнал на повредите.

Дополнително ќе се истражува дали се работи за убиство или самоубиство.

Можете да прочитате

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан

Костадинов за МТВ: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Кумановка дала 2000 евра за патување – останала дома и без пари