Утрински Весник
Македонија

Голем пожар над Радовиш се приближува до викенд населба, интервенцијата продолжува и во текот на ноќта

Img 0795.jpeg

Големиот шумски пожар што избувна попладнево над Радовиш и навлезе во борова шума, се приближува до викенд населба, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според него станува збор за пожар на околу седум километри од градот, а пожарникарите на ТППЕ Радовиш и локално население прават напори да ја пресечат линијата на огнот.

-Пожарникарите се обидуваат со контра пожар да ги одбранат десетината куќи и викендичките кои се наоѓаат во неспоредна близина на пожарот, изјави Ангелов.

Гаснењето на пожарот ќе продолжи и во текот на ноќта.

Можете да прочитате

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија

Не запира големата акција во Прилеп: Претресена 37 локација, во банкарски сеф најдени над 50.000 евра

Кичевци и од „дваесеттиот министер“ добија ветување за нова болница