Утрински Весник
Македонија

На +40 степени Скопје се гуши во смрдеа – Градското комунално претпријатие не си ја врши својата работа

Img 20240715 Wa0004.jpg

Преполни контејнери и неподнослива миризба што се шири од истите – ова е сликата во градот Скопје. Веќе извесен период градското комунално претпријатие не си ја врши својата работа. Во неколку наврати досега реагираа и градоначалниците од неколку скопски општини за проблемите кои се евидентни.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеоргивски прстот го посочи кон градоначалничката Данела Арсовска, тој исто така неодамна поднесе прекршочна пријава против јавното комунално претпријатие заради ненавремено собирање на сметот.

Граѓаните пак, реагираат иако редовно плаќаат за собирање на ѓубрето, сепак не добиваат никаква услуга, а револтот го изразуваат секојдневно со испраќање фотографии до медиумите, недежни дека ќе се реши конечно овој проблем.

Фотографии од скопски Аеродром:

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика