Утрински Весник
Балкан

Нови Сад: Питбул териер го нападнал својот сопственик и го убил

20240715111631 Big 730x400 63.webp.webp

Куче питбул териер денес во Нови Сад го нападна својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди, јави дописникот на МИА од Белград.

Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.

Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на лице место на 56-годишен маж, изјави портпаролот на итната помош д-р Зоран Круљ.

Според медиумите телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот.

Претходно синот на починатиот повикал полиција и итната помош бидејќи не можел да влезе во станот.

Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата направи увид во станот.

Другите околности на нападот засега се непознати.

Можете да прочитате

Девет дојави за поставени бомби низ институции во Софија, едната е во детска градинка

Паника на плажа во Хрватска: Огромна желка касна млад човек, ова е петти инцидент

Нови откритија во древна Троја во годината кога „Одисеја“ повторно го оживува светот на Хомер