Утрински Весник
Балкан

Над 213.000 албански граѓани за пет години добиле државјанство во земји-членки на ЕУ

20240714091359 Big 730x400 52.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повикувајќи се на податоците на Евростат, албанските медиуми пренесуваат дека, во изминатите пет години повеќе од 213.000 албански граѓани добиле државјанство во земја од Европска Унија.

Според истиот извор само во 2022 година околу 50.000 албански граѓани добиле државјанство на земја од ЕУ и се на третото место по Мароканците и Сиријците.

– Двете соседни земји со Албанија, познати во последните три децении и по големата емиграција на Албанците, Италија и Грција, се главни во Европа по големиот број на државјанства издадени на албански државјани.

Албанците ја предводат листата на земји од Западен Балкан според бројот на баратели на азил во Европа и се рангирани на петтото место по Турците, Грузијците, Русите и Украинците.

Извештајот не ја вклучува миграцијата на Албанците во Велика Британија, каде во 2022 година, според британските власти, 12.658 имигранти од Албанија нелегално влегле во земјата, главно преку Ла Манш со мали чамци.

Можете да прочитате

Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати откако потона брод со мигранти во Грција

Снегот ги затвори училиштата во 14 провинции во Турција

БиХ го легализира канабисот за медицински цели