Утрински Весник
Македонија

Ангелов: За жал пожарот на Серта повторно гори, гасењето го помагаа 103 војници, 30 полицајци, хеликоптери и ер-трактори, ќе се гаси и утре

Stojance Angelov 1.jpg

Пожарот на планината Серта кој има три крака, сè уште е активен. Гасењето ќе продолжи сè додека е видливо, а утре повторно ќе се гаси со хеликоптери и ер-трактори. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека ветрот и високите температури го отежнуваат гасењето.

„Пожарот кој што веќе неколку дена беснее на планината Серта продолжува и понатаму да гори. За жал не успеваме да воспоставиме контрола врз истиот бидејќи теренот е исклучително лош. Има многу трње, грмушки, теренот е многу густ, пресечен со долови. Високата температура и ветрот кој што го менува правецот дополнително го отежнуваат гаснењето“, рече попладнево директорот Ангелов.

Денес пожарот на планината Серта од раните утрински часови се гасеше  со еден полициски хеликоптер, два армиски, а подоцна и со два ет-трактори од Дирекцијата за спасување.

„За жал, огнот повторно гори. Војската е активна на терен. 103 војника активно учествуваат во гаснењето на пожарот како и 30 припадници на МВР кои што даваат голем придонес и помагаат на локалните територијални противпожарни сили од Неготино и Кавадарци на кои, исто така, и помагаат доброволци од локалното население. Контролата врз овој пожар нема да биде воспоставена денес. Гаснењето ќе продолжи и до крајот на денов, се додека има видливост, а рано наутро ќе гасиме со хеликоптери и со ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување“, вели директорот Ангелов.

Попладнево тој потсети дека на сила се мерките за кризна состојба за пожарите на целата територија на државата,  прогласена на негова иницијатива.

СДСМ пак, попладнево критикуваше дека кризната состојба е прогласена доцна, а поради слабата координација и немарноста изгореле 1000 хектари зеленило.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње