Утрински Весник
Македонија

Педијатрите во велешката болница му го спасија животот на седуммесечното бебе кое случаен минувач го пронајде на улица во Велес

Bebe 4.jpg

Со натчовечки напори на педијатрите во велешката болница му го спасија животот на седуммесечното бебе кое завчера случаен минувач го пронајде на улица во Велес во исклучително тешка состојба, на моменти до смрт. Битката за животот на бебето се уште трае, велат од велешката болница, но тоа сега е под надзор на лекарски тим и прима соодветна терапија.

– На 12 јули околу 16,30 ч. на Одделението за педијатрија е донесено машко доенче, пронајдено само на улица во централниот дел на градот. Во моментот на прием на одделот е констаирана неухранетост кај доенчето со ниска телесна тежина од само 4600 грама, тоа е донесено фебрилно, сомнолентно, поспано, дехидрирано, со пролив, повраќање, сува кожа . Поставено е на инфузија, рехидратациона терапија, извршена е корекција на ацидоза, интензивно опсервираное цела ноќ од страна на дежурен доктор и екипа. Утрово бебето е во подобра здравствена состојба “, рече Марина Андова, портпаролка на Општа болница Велес.

Мајката е 20 годишна девојка која вчера дошла во болницата во Велес и се претставила дека е мајка на доенчето, по што заминала , а утрово повторно се вратиле и сега е во болничката соба заедно со бебето.

-Имам информација дека и неговата мајка се придружила со него на одделот за педијатрија. Се уште се води интензивна опсервација, се надеваме дека ќе излезе од животна опасност, но се уште се води битка за неговиот живот, вели Андова.

Велешката болницата настанот за напуштеното бебе го пријави во полиција, полицски тим веќе извршил увид, а се очекува случајот да го преземат и стручните служби од Центарот за социјални работи во Велес.

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?