Утрински Весник
Македонија

Левица ќе поднесе интерпелација: „Гаши го прекрши Уставот и ја погази секуларноста“

Apasiev.png

Во Собранието на Република Македонија, во салата Борис Трајковски се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде коалициониот партнер на ДПМНЕ и ЗНАМ – спикерот Африм Гаши оддржаа молитва, со што го прекрши Уставот на државата, ја погази секуларноста и сите норми на правната држава, реагираат од Левица.

„Имено, Гаши иницирал религиски обред – молитва во Собранието на Република Македонија со што директно е прекршен член 19 од уставот на Република Македонија. Дополнително, тој не го испочитувал уставното нечело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.

Оценуваме дека ова анти-државно, анти-уставно и анти-секуларно однесување е реализирано во заеднички договор на владејачката коалиција. За жал ова не е единствено вакво однесување на Африм Гаши по давањето заклетва од страна на собранискиот спикер на албански јазик“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.

Левица го осудува ваквото поведение, секуларноста, додаваат, е еден од основните принципи за функционално демократско општество, и затоа ќе поднесе интерпелација против собранискиот спикер за ова своеволие.

Можете да прочитате

Средба на министерот Тошковски со косовскиот министер за внатрешни работи Свечла

Претрес во скопско: Пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, нови директори во бројни институции