Утрински Весник
Македонија

Николоски: Нема да дозволам да се случи повторно „Кичево- Охрид” со ниту еден друг проект

Kicevo Ohrid.jpg

Нејасно е како 12 години не е решена експропријацијата за автопатската делница Кичево-Охрид и за тоа директно е одговорна претходната Влада. Детектиравме три главни проблеми и во овој летен период максимално ќе се посветиме на нивно разрешување за конечно да ја одглавиме изгрaдбата на оваа автопатска делница, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.

Како што кажа министерот Николовски, се уште не е решена експропријацијата, не се решени имотно правните работи со бензински пумпи кои се лоцирани на самата траса на автопатот, како и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.

“Најголем дел од работното време плаирам да го трошам за разрешување на проблемите со автопатската делница Кичево – Охрид и изградбата на автопатите на Коридор 8. Мислам дека веќе наесен ќе презентирам добри вести и проектите ќе тргнат во посакуваната насока. Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрисд, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации. Нема да дозволам пак да се случи Кичево – Охрид со ниту еден друг проект во инфраструктурата, истакна министерот Николоски.

Тој уште еднаш го повика Јавното обвинителство да биде поефикасно и да ги истражи наводите за евентуална злоупотреба на буџетските пари.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм