Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден 79-годишен возач на мопед откако се судрил со автомобил во Скопје

Brza Pomos 1.jpg

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 11.50 часот на крстосницата на ул.„Радишанска“ и ул.„Бел камен“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.М.(57) од Р.Албанија и мопед управуван од М.Р.(79) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Продолжува судењето за „Пулс“ на распит се градежните вештаци

Утрово четири активни пожари низ Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата на Филипче и СДС, водата во Гостивар е чиста и безбедна