Утрински Весник
Македонија

Голем пожар на планината Огражден, наближува кон границата со Бугарија

Ograzden Pozar.jpg

Пожарот кој избувнал вчера на планината Огражден над селото Бадилен во Општина Ново Село, во граничниот појас, наближува кон границата со Бугарија, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.

– Пожарникарите засега не можат да интервенираат, бидејќи пожарот е на висок и непристапен терен. Очекуваме утре наша екипа од 10 пожарникари да биде префрлена на местото со хеликоптери и да помага во гаснењето, бидејќи очекуваме утре пожарот да се гасне со хеликоптери, изјави Гудев.

И директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е на непристапен терен и утре ќе се гасне со „Ер трактори“ или хеликоптери. За огнената стихија се известени и пожарникарите од Петрич, Бугарија, кои заедно со нашите пожарнинари ја следат состојбата.

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица