Утрински Весник
Магазин

Веб страницата XNXX доби статус на „многу голема онлајн платформа“ во ЕУ 

20240711100757 Big 730x400 1.webp.webp

Европската комисијата врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) формално и додели статус на „многу голема онлајн платформа“ на веб страницата што објавува содржини за возрасни Икс-Ен-Икс-Икс (XNXX). 

Одлуката за доделување на ваквиот статус на XNXX е донесена врз основа на фактот дека платформата месечно во просек има повеќе од 45 милиони посетители од територијата на Европската Унија.

Врз основа на оваа одлука XNXX ќе мора да се усогласи со правилата на ДСА во рок од четири месеци, односно до средината на ноември 2024 година, кои вклучуваат усвојување специфични мерки за зајакнување и заштита на корисниците, спречување на малолетници да пристапуваат до порнографски содржини, обезбедување пристап на истражувачите до јавно достапните податоци, како и објавување на количеството на рекламите.

Веб страната, исто така, мора соодветно да ги процени и ублажи сите системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се оние поврзани со ширење на илегална содржина или со негативните ефекти врз менталната и физичката благосостојба на корисниците.

Од 17 февруари 2024 година сите онлајн платформи, вклучително и XNXX, веќе требаше да се усогласат со општите обврски на Законот за дигитални услуги, како што се обезбедување на кориснички механизми за пријавување илегални содржини, јасно означување на рекламите и објавување годишни извештаи за транспарентност.

Комисијата ќе ја контролира усогласеноста на XNXX со ДСА во соработка со чешкиот координатор за дигитални услуги.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста