Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сиљановска Давкова ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“

20240711090839 Big 730x400 3.webp.webp
Img 7972

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска – 11.07.2024 година, четврток, на церемонија што ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во Охрид, ќе се обрати и ќе го врачи признанието „Инженерски прстен” на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.

„Инженерски прстен” се доделува по 21. пат, а со признанието ќе се здобијат 15 млади инженери од различни области, кои дипломирале на четири државни универзитети.

Манифестацијата се одржува во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на државата.

Можете да прочитате

АМСМ: Сообраќајот за товарни моторни возила кон ГП Блаце е нормализиран

Следната седмица, и во декември се двата последни неработни денови за сите граѓани во Македонија

До утре во 19:00 часот важат правилата за изборен молк