Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер ги погоди Филипините

D0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181 D0b2d0be D198d0b0d0bfd0bed0bdd0b8d198d0b0 63cba54757d34.jpeg

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала утрово ги погоди Филипините, покажуваат податоците на Националниот центар за земјотреси, јави ДПА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 630 километри и се случил во близина на брегот на Минданао, вториот по големина остров на Филипините, соопшти центарот.

Геолошкиот институт на САД (УСГС) го лоцираше епицентарот на нешто помалку од 106 километри од брегот на Минданао.

Засега нема информации за штети или жртви од земјотресот.

Филипините се наоѓаат на Пацифичкиот огнен прстен, кој е познат по својата висока сеизмичка активност, потсетува ДПА. 

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња