Утрински Весник
Македонија

Велешанец каснат од змија поскок – трет случај за 10 дена

Vipera Ammodytes.jpg

Доцна синоќа околу 21 часот, 74 годишниот велешанец Ј.Д.со викенд куќа во село Бањица, Општина Чашка, во дворот кај чешмата, бил каснат на ногата од змија поскок. Неговото семејство во интерес на времето веднаш со автомобил тргнале кон велешката болница и притоа се јавиле во службата за Итна помош. Тој на патот кај село Клуковец бил преземен од екипа на Итна медицинска помош и веднаш му бил даден змиски противотров и му била укажана медицинска помош, по што итно бил однесен во Ургентниот центар на велешката Општа болница, информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница.

Тој синоќа по укажаната лекарска помош бил задржан во Одделението за Интерни болести при велешката Општа болница, а изутрината повторно бил прегледан од д-р инфектолог кој констатирал дека пациентот е во добра состојба и го испуштил на понатамошно домашно лекување.

Андова информира дека оваа е трето каснување од змија во велешко за само десетина дена. Претходно, двајца велешани во село Војница била каснати од змии кога го копале лозјето и наишле на змиско гнездо, по што на настраданите од лекарски екипи на Итна помош веднаш им била укажана прва помош со змиски противотров и потоа исто така биле донесени во велешката Општа болница.

Од Службата за итна медицинска помош која е во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Велес, информираат дека деновиве по трошење на дозите биле снабдени со интервентни дополнителни дози на змиски противотров или антивиперинум.

Тие ги советуваат жителите на Велес и велешко да бидат внимателен при престој во природа или работа на нива во овие летни денови кога има мноштво змии, а во случај на каснување веднаш да побараат лекарска помош и да се обратат до нивната служба 194.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор