Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен

Vesna Janevska 2.jpg

Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интевју за МРТВ.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за МРТВ, напоменувајќи дека треба да се направи модернизација на студиските програми.

Но, она што е горлив проблем во државата се премногу факултети, премногу универзитети и премногу студиски програми со многу малку студенти, додаде Јаневска.

Говорејќи за проблемот со изградбата на објектот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Јаневска напомена дека претходната власт, иако имала изградена зграда, не вложила ништо за нејзината финализација, ниту пак вложила да го заштити објектот од пропаѓање.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје