Утрински Весник
Македонија

Изгаснат е опасниот пожар во прилепско – спасена е фабриката

Pozharzapres.jpg

Рeгионалниот ЦУК Прилеп, информира дека е локализиран опасниот пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп и се спасени една фабрика и околни објекти во реон на пожарот.

Конкретно преку 112 во ЦУК е добиен повик за опасен пожар во Прилеп, по што освен што координирале за негово гаснење, вработени од регионалниот центар отишле и на лице мето.

Горела сува трева, но заради ветерот и близината на индустриски објекти постоела голема опасност пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти.

Пожарот е локализиран со брза интервенција пожарникарите од ТППЕ Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во тој реон.

Практично, заради опаснаа ситуација при пожарот, противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари и ПП возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто се уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожарот, заради се уште присутниот ветер и жештина.

Инаку, заради променливиот правец, силината и брзината на пожарот било зафатено и едно ПП возило, поточно пожарот поминал низ, односно под и околу него, но не се знае дали и колку е оштетено

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон