Утрински Весник
Македонија

Ќе се суди и на таткото на Вања – Судот го прифати обвинението за соработниците на Палевски

Aleksandar Gjorcevski Tatko Vanja.jpg

Приговорите на осмничените, за случајот со грабнувањето и двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се одбиваат како неосновани.

Обвинителниот акт се одобрува во целост. Во следниот период се очекува и првото рочиште за овој случај.

– По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, за што , ценејќи го јавниот интерес за случајот, јавноста ќе биде благовремено известена. – велат од Основен кривичен суд-Скопје.

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ не сакаше да ги коментира одбиените приговори. Претходно Туфгџиќ, при поднесување на приговорот изјави дека со обвинението не е доставен ниту еден доказ за време, место и начин на сторување на кривичното дело. Без коментар остана и адвокатот Бојан Манев, кој што го застапува Боре Видевски, кој што го смени исказот и по првичното признание, негираше вина.

Додека пак, за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, од Кривичен засега не откриваат детали.

– Во однос на повеќе новинарски прашања за постапката против првоосомничениот за двојното убиство – Љ.П., ја информираме јавноста дека постапката е се’ уште во фаза на обвинителска истрага. – велат од Основен кривичен суд-Скопје.

Во Обвинителството таре истаргата за првосомничениот за убиството, Љупчо Палевски Палчо. Минатиот месец Палевски беше на маратонски распит во Обвинителството, каде што негирал поврзаност со двојното убиство. Неговиот адвокат, Марјан Витановски тогаш изјави дека претходни непријателства или некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта се причините поради кои е обвинет Палевски за грабнувањето и двојното убиство.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје