Утрински Весник
Македонија

Одбиени приговорите: На таткото на убиената Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката

Vanja Gjorchevska.jpg

Наскоро ќе почне судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. На обвинителна клупа ќе седнат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година.

-По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост.

Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, за што, ценејќи го јавниот интерес за случајот, јавноста ќе биде благовремено известена, соопшти Кривичниот суд.

Постапката против првоосомничениот за двојното убиство – Љ.П. е се уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

Можете да прочитате

69-годишен пешак е тешко повреден, го удрил возач со комбе

Тетовчани попладнево треба да имаат вода, рестрикција ќе има од еден до четири часот по полноќ

Се запали камион во движење на патот Охрид – Ресен, сообраќајот во целосен прекин