Утрински Весник
Македонија

Потребен ни е стабилен образовен систем кој нема да се менува со секоја промена на Владата

Vesna Janevska Vesna Janevska 1 1.jpg

Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование. Потребен ни е стабилен систем кој нема да се менува на неколку години, со секоја промена на Влада или на министер. За жал, и јас се наоѓам во ситуација кога треба да правам итни промени, во насока на обезбедување непречен воспитно образовен процес. Тоа некако страшно звучи меѓу граѓаните кои сосема оправдано имаат страв кога ќе се спомене реформа. Но, ветувам дека во иднина ништо нема да биде направено на сила и без консултации со засегнатите чинители на образовниот систем.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „Магазин“ на ТВ Вистел, каде говореше за проблемите кои ги затекнала во министерството, како и за плановите на Владата за унапредување на квалитетот на македонскиот образовен систем.

„Деновиве потпишувам исплата на финансиска помош за учениците од социјално ранливите категории, за јануари, февруари и март. Минатата Влада не им ги исплатила и не ми е јасно зошто, кога имало доволно средства на соодветната ставка. Ова е едноставен пример до каде отишла неодговорноста кон граѓаните“, рече Јаневска, додавајќи дека има многу проблеми од ваква природа кои се наталожиле низ годините наназад, а всушност можеле да бидат одбегнати.

Посочи дека меѓу клучните приоритети е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни програми, а се осврна и на грижата кон наставниците и на подигнувањето на степенот на инклузија во образованието.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема